Почнувајќи од утре, ски-центарот „Попова Шапка“ ќе биде затворен за посети, сè додека не падне нов снег, објавуваат од центарот. „Поради неповолните временски услови и недостатокот од доволна снежна покривка на нашите патеки, од 13 март, Ски центарот ‘Попова Шапка’ ќе го прекине работењето до новите снежни врнежи. Ви благодариме за вашата страст и енергија што секојдневно ги донесувате на нашите патеки. Подгответе ја вашата опрема, бидејќи со првиот снег, ќе се вратиме и ние“, објавија од ски-центарот.