Концептот Citroen Wild Rubis ќе биде претворена во сериски модел, истакна за Automotive News, Фредерик Банзе, извршен директор на француската компанија.
Серискиот кросовер ќе биде наменет исклучиво за Кина, каде што производството ќе стартува кон крајот на 2014 година. Шпекулациите посочуваат дека при евентуален успех на пазарот, продажбата може да започне и на други пазари, вклучувајќи ја и Европа. Од изјавата на Банзет може да се заклучи дека сериската верзија на Wild Rubis ќе има умерен дизајн, но сепак нема да се разликува драстично од концептот.
Потсетуваме дека Citroen Wild Rubis се појави за прв пат за време на салонот во Шангај, каде што доби одлични критики од публиката. Моделот беше определен како конкурент на Volkswagen Touareg.
Концептниот модел, чија должина достигнува 4,7 метри, е управуван од хибриден систем, во кој влегуваат 1.6-литарски бензински мотор и електромотор. Првиот ги задвижува предните тркала, а вториот – задните. Вкупниот моќ на агрегатот изнесува 243 КЅ.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус