Citroen со конкурент на Volkswagen Touareg

Citroen понуди официјални фотографии и информации за концптниот модел DS Wild Rubis, кој го навести во почетокот на месецов. Официјалното деби на автомобилот ќе се одржи на претстојниот салон во Шангај.

DS Wild Rubis се потпира на целосно нов хибриден погон. Во него влегуваат 1.6 литарски бензински агрегат и електромотор. Првиот ќе ги управува предните тркала, а вториот – задните. Вкупната моќ на агрегатот е 243 КЅ. Досега групата PSA Peugeot Citroen користеше сосема поинаков вид хибриди – комбинација помеѓу дизел агрегат и електромотор. Оваа комбинација досега ја видовме кај кросоверот Peugeot 3008 Hybrid4 и хечбекот Citroen DS5.

241_Citroen-DS-Wild-Rubis-470-5

Димензиите на DS Wild Rubis се должина 4.7m, ширина 1.95, висина – 1.59, а меѓуоскиното растојание е 2,9 метри. Новиот модел е изграден на шасија на DS5, а според димензиите е сличен со Volkswagen Touareg. Ова ги демантираше претходните тврдења дека должината на прототипот ќе биде 4.5 метри и сериската верзија ќе треба да му конкурира на Volkswagen Tiguan, Honda CR-V и Toyota RAV4.

Прочитајте и:  „Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД

402_Citroen-DS-Wild-Rubis-470-3

Очекувањата се машината да излезе во серија догодина, а премиерата е закажана за на салонот во Пекинг. Тогаш ќе започне и официјалната продажба, а првично ќе биде наменет само за клиенти од Кина. Во подоцнежна фаза моделот ќе го добие името DSX7 под кое ќе се продава на европскиот пазар. Производство на сериската верзија на новиот модел од линијата DS ќе биде доверена на заедничката компанија на групата PSA Peugeot Citroen и компанијата Dongfeng во Кина.

538_Citroen-DS-Wild-Rubis-470-4

883_Citroen-DS-Wild-Rubis-470-2

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -