Цигарите можат да ве инфицираат

smoking_silhouetteСпоред најново истражување тутунот во цигарите може да содржи бактеријална бонанца – буквално стотици разновидни бактерии, вклучувајќи ги и оние одговорни за многу човечки болести.

Image5Според најново истражување тутунот во цигарите може да содржи бактеријална бонанца – буквално стотици разновидни бактерии, вклучувајќи ги и оние одговорни за многу човечки болести.

Претпоставката досега беше дека пушењето ги прави луѓето осетливи на болести поради тоа што ја намалува функционалноста на белите дробови или имунитетот, но всушност може да се и двете работи одеднаш.

„Никој не говори за цигарите како преносител на инфекции“, вели истражувачката Ејми Сапкота од Универзитетот во Мериленд. Нејзините податоци упатуваат дека тоа е возможно.

Доколку микроорганизмите се живи, доволен е еден допир до устата за да настане инфекција.

Помеѓу многуте бактерии чија ДНК се поврзува со цигарите се:

– Campylobacter, кој може да предизвика труење од храна и Guillain-Barre синдром;
– Clostridium, предизвикува труење од храна и пнеумонија;
– Corynebacterium, истотака поврзана со пнеумонии и останати болести;
– E. coli; Klebsiella, Pseudomonas aeruginosa и Stenotrophomonas maltophilia, сите се поврзани не само со пнеумонија туку и со инфекции на уринарниот тракт;
– Како и бројни Staphylococcus видови кои се поврзуваат со најчестите сериозни болнички инфекции.

[CIGARETTES MIGHT BE INFECTIOUS]

- Реклама -