Чувствувате постојан умор и омалаксаност? Ова е вистинскиот рецепт за вас!

Со собирањето на токсините во крвта станувате хронично уморни, патите од подуеност и имате проблеми со циркулацијата. Затоа, одвреме навреме е потребно да направите мало прочистување. Од овие потешкотии ќе можете лесно да се ослободите со помош на овој едноставно приготвен домашен пијалок.

Потребни состојки:

– 12 чешниња лук
– половина литар црно вино (по можност домашно)

Подготовка:

Исчистете ги парчињата лук, исечкајте ги на четвртини и ставете ги го стаклено шише. Додадете половина литар црно вино и добро затворете.

Чувајте го шишето на светло место околу две седмици. Секој ден протресувајте го по неколку пати, за да се измешаат состојките.

После две седмици исцедете ја содржината и префрлете ја во ново стаклено шише.

Пијте по една лажица три пати дневно, во период од еден месец.

Предупредување:

Ова е силен напиток кој помага при прочистувањето и зајакнувањето на крвта, па консумирајте го со пауза од 6 месеци меѓу третманите.

- Реклама -