Петка по математика во основно, а? Тогаш не би требало да имате проблеми да ни помогнете во демонстрација на магичниов трик со кој ќе ги прочитаме вашите математички мисли.
Оди вака:
1. Замисли еден број од 1 до 10
. . .
2. Помножи го бројот со 2.
. . .
3. На тоа додај го бројот 8.
. . .
4. Подели го добиениот број со 2.
. . .
5. Од тој број одземи го оригиналниот број што го замисли.
. . .
Бројот што го добивте е 3, така?
Си играме мајтап, не нé зезнавте. Добивте 4.
Не ни верувате дека читаме мисли? Тогаш ај на уште една партија, на следна страна (подоле).