СДСМ го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде технички министер во министерството за внатершни работи.
Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, соопштија од СДСМ.
Техничката влада во собранието ќе се гласа во текот на утрешниот ден.