Освен што овој чудотворен зеленчук одлично изгледа во секоја чинија и можете да го послужите како прилог со еден куп јадења, може да се пофали и со бројни лековити својства и хранливи материи кои помагаат во чувањето на здравјето, и тоа на целото тело.
Фрактална брокула, романеско брокула или римски карфиол, викајте го како сакате, но се работи за хибрид меѓу брокула и карфиол. Се одгледува како карфиол, а разликата е што цвените пупки кај романеско брокулата се доста покрупни.
Оваа „брокула“ содржи витамини А, Ц, и K, како и доста влакна, железо, магнезиум и цинк. Содржи и бројни растителни пигменти кои се многу важни за човечкиот организам, бидејќи делуваат како природни антиоксиданси кои оневозможуваат стареење на клетките и оштетување на ткивата.
Ако сакате да го зајакнете организмот, фракталната брокула добро ќе ви послужи во кујната, бидејќи содржи доста белковини кои го полнат телото со енергија. Од друга страна, оваа брокула им се препорачува и на тие што се борат со вишокот килограми, не само затоа што романеско брокулата има мала количина калории, туку и зашто содржи влакна кои пак создаваат подолготрајно чувство на ситост.
Романеско брокулата во својот состав има поголема количина калциум и од млекото, па може да помогне и во зајакнување на коските а одлична е и за лицата кои страдаат од остеопороза.
Поради бројните хранливи состојки, романеско брокулата е добра и во борбата против инфекции, преладувања и разни бактерии. Со оглед дека има сладникав вкус, одлична е и за да ги натерате да ја јадат децата.
За крај, околу подготовката на фракталната брокула; важно е да не претерувате со термичката обработка. Најдобро е да се јаде свежа, или благо зготвена на пареа.