Чудотворецот со Соколи од пет години сега ќе го спасува МЗТ Скопје!

Српскиот тренер Драган Николиќ (50 години) од денеска е нов тренер на МЗТ Скопје, откако потпиша договор до крајот сезоната со можност за продолжување на уште една.

Станува збор за добро познато име за македонската спортска јавност, со оглед што во сезоната 2016/17 повеќе од успешно го предводеше Карпош Соколи во АБА-лигата, каде што по стартот со осум порази по ред на крајот дојде до десет триумфи за пласман кон средината на табелата. „Соколите“ со Николиќ на клупата таа сезона дојде до историски триумф во Купот на Македонија и беше повеќе од достоен ривал на МЗТ Скопје во битката за шампионската титула, која аеродромци ја осигураа дури по „мајсторка“.

- Реклама -