Во последно време алергиите станаа се почеста појава меѓу луѓето. Станува збор за реакција на телото кај луѓето со послаб имунолошки систем и оштетена слузница, како на респираторниот така и на дигестивниот тракт. Наместо да патите од симптомите, направете мали промени во исхраната. Пробајте го овој пијалок кој на вашето тело ќе му пружи сила и заштита.
Состојки:
– 1 морков со средна големина
– 2 големи портокали
– 1/2 краставица со средна големина
– 5-10 листови свежо нане
– парче свеж ѓумбир (околу 1,5 см)
Подготовка:
1. Излупете го овошјето и добро измијте го.
2. Морковот и краставицата исечкајте ја на парчиња, а портокалот раздвоете го на четвртини.
3. Состојките една по една додавајте ги во соковникот, а листовите нане додадете ги меѓу овошјето и зеленчукот.
4. Напитокот чувајте го во фрижидер и пијте го на празен стомак.