Да не беше Северна Кореја така затворена за светот, можеби и немаше да кружат толку многу митови за земјата. Како и да е, дел од тие митови се покажаа точни. А некои од нив прилично ќе ве изненадат.
1. Забрането е да носиш сини фармерки
Ако воопшто можеш да си дозволиш фармерки, ќе мора да се направени од црн тексас, бидејќи синиот е забранет. Во Северна Кореја, синиот тексас е симбол за светскиот империјализам. Сини фармерки можеш да носиш само ако си турист, но не и кога ги посетуваш спомениците на Ким Ил Сунг или Ким Џонг Ил.
2. Нема World Wide Web и нема Wi-Fi
Во Северна Кореја имаат компјутери и имаат интернет. Но не баш интернет, туку повеќе интранет (внатрешна локална мрежа) наречен “Kwangmyong“. Се проценува дека има 1.000 до 5.000 сајтови. Сите интернационални сајтови се забранети, а ако немате висок ранк, никогаш нема да ви биде дозволено да ги посетите.
Локално користениот оперативен систем „Црвена ѕвезда“ (Red Star) потсетува на MacOS X. Велат дека се должи на тоа што Ким Џонг Ун бил фан на производите на Apple.
Што се однесува до WiFi, едноставно не постои. Мобилните немаат пристап ни до Kwangmyong мрежата. Дури и кинеските таблети произведени за Северна Кореја се без модули за WiFi или Bluetooth.
3. Не можеш да купиш недвижнини
Становите во Северна Кореја не се официјално на продажба. Ги дистрибуира владата. Не можете ни да се преселите од руралните делови во Пјонгјанг. Ваква привилегија ќе имате само ако ви ја доделат. Сепак, стан можете да купите на црно, за едно 70.000 до 90.000 долари. Се разбира, не очекувајте дека некаде ќе биде заведен на ваше име. Со оглед дека платата на просечен севернокорејски граѓанин е 4 долари месечно, според тврдењата на пребеганите од Северна Кореја, јасно е зошто некој Севернокореец би се осмелил да ви продаде стан на црно.
4. Скоро е невозможно да купите кола
Во Северна Кореја, кога некој има кола, веднаш знаеш дека е многу богат и моќен. Цените се ужасно високи и се движат некаде околу 40.000 долари (барем според сајтов). Дури и велосипедите се скапи и тешко достапни, и ретко ќе ги видите надвор од Пјонгјанг. Притоа, сите велосипеди имаат регистрација, исто како и колите.
5. Во библиотека не можете да најдете весници од лани или постари
Причината е едноставна. Курсот на делување на Работничката партија на Кореја може да се смени, а обичниот човек не мора да знае за тоа. Се разбира, за странски весници и списанија не станува ни збор.
Финото околу весниците во Северна Кореја е што обично се прикажуваат/се достапни на специјални пултови на улиците или во подземните станици на метрото (види слика), па нема потреба да ги купувате.
6. Се греат на дрва
Во повеќето севернокорејски куќи нема водовод, па значи дека немате ни топла вода (освен ако згреете на шпорет). Севернокорејците обично користат бањи.
Нема ни централно греење, па севернокорејците се греат на печки на дрва, дури и во Пјонгјанг. И други земји немаат централно греење, па користат електрични грејни тела. Во Северна Кореја не можат. Таму редовно имаат проблеми со електричната енергија, дури и во главниот град.
7. Во продавниците нема Кока Кола
Пред 2015-та, Кока Кола беше забранета само во две земји во светот: Куба и Северна Кореја. На Куба евентуално дозволија да се продава, па остна само Северна Кореја, очигледно од идеолошки причини.
8. Скоро невозможно е да купиш кондоми или продукти за женска хигиена
Тешко е за верување, но повеќето Севернокорејци не ни знаат дека постојат кондоми. Пред неколку декади се појавија на црниот пазар, но не беа многу популарни, во голем дел поради наведената причина. Денес е речиси невозможно да ги најдете во продавниците на земјата – што е резултат на ужасно малата (читај: непостоечка) побарувачка.
Тампони исто така нема да најдете во продавниците, барем не во тие за локалните жители. Севернокорејките уште користат текстил, кој го реупотребуваат по перење.
9. Мораш да носиш досадна фризура
Во локалните фризерски/берберски салони ќе најдете слики од препорачаните машки и женски фризури. Погодете која е најпопуларна кај мажите… Да, фризурата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Женската хит фризура е коса потшишана до висина на брадата. Пак благодарение на Ким Џонг Ун, бидејќи тој е тој што спомна дека таквата фризура изгледа многу добро на жените.