Чудни австралиски закони

Кенгур Забрана за јадење мачки и кучиња, анти-хунски закон, дозвола за извршување на абориџинската одмазда, закон за задолжително гласање, забрането шегување… се само дел од чудните закони кои се или биле на сила во Австралија…



Абориџинска одмазда

Австралискиот правен систем во одредени случаи ги препознава древните абориџински племенски закони, според кои престапниците се казнуваат за делото од страна на членовите на семејството на жртвата. На пример, во еден случај на убиство во 2002 година во Централна Австралија, судијата Мајкл Ворд од Алис Спрингс наредил убиецот да биде одведен во Нирипи, отприлика 450 километри западно од Алис Спрингс, каде што требало да ја истрпи традиционалната абориџинска правда (одмазда), од рацете на роднините на убиениот. Тие го прободиле со копје најмалку 13 пати и му го скршиле скочниот зглоб, во церемонија која била засведочена од полицијата и здравствените работници.

Анти-хунски закон

Хун е австралиски збор со кој се опишува „нервозен“ возач, најчесто под 25 години старост, кој вози пребрзо, предизвикува премногу бучава и прави опасни и незаконски потфати. За да се изборат против овој проблем, анти-хунските закони биле донесени, со што на полицајците им биле дадени дополнителни овластувања, со што можат да им ги конфискуваат автомобилите на хуните, зашто како што се вели, тоа ќе ги боли најмногу, многу повеќе отколку обичната казна.

Смачкување лименки од пиво

Во Западна Австралија нелегално е да се смачкуваат лименки од пиво помеѓу градите во паб! Триесетиедногодишната шанкерка која работела во хотелот „Премиер“ во Пинџара, јужно од Перт, за тој престап завршила на суд и платила казна од 1000 долари.

Мачки и кучиња

Во октомври 2003 година, парламентот на сојузната држава Викторија донел закони според кои се забранува јадењето на мачки и кучиња. Властите претходно редовно добивале поплаки дека луѓе јадат мачки и кучиња, но последниот извештај во кој било забележано дека некој купил кутре со намера да го изеде довело до донесувањето на законот. Истиот закон им забранува на луѓето да колат кое и да е животно кое не се наоѓа на листата на месната индустрија.

Задолжително гласање

Во Австралиј гласањето е задолжително, дури и ако не можете да најдете политички кандидат во кој би имале дури и најмала доверба. Едноставно мора да се појавите на изборното место каде што сте заведени и да го дадете гласот. Штом се појавите, вашето име е забележано и понатаму не е важно што ќе заокружите на гласачкото ливче зашто тоа не може да биде поврзано со вас (гласањето е тајно). Така, се случува фиктивни ликови како Пајо Паторот да имаат доста гласови, иако не се на листата на кандидати. На изборите во Квинсленд, на 7 февруари, изборниот комесар Боб Лонгланд изјавил дека испратиле бројни писма со кои се информираат луѓето дека мора да платат казна доколку немаат добар изговор зошто не се појавиле да ја извршат должноста. Изборниот комитет собира преку 1 милион долари од негласачи секој изборен циклус. Нормално, имало многу изговори, како едно чудо расипани рибарски бротчиња, но најдобар од сите бил изговорот на една жена која се оправдала со фактот дека имала групен секс со 30 мажи во прибежиштето за хипици, Нимбин, Нов Јужен Велс, па заради тоа не можела да стигне во Квинсленд на време за да гласа. 

Гласање

Убиство на крокодили

Казната за незаконско убивање на крокодил од 70-те илјади кои живеат во Топ Енд е 55 илјади долари за физичко лице и 275 илјади за компанија – или пак до 5 години в затвор.

Еутаназија

Во Австралија можете да завршите на суд доколку чувате животно кое страда, а медицински е веќе невозможно да му се помогне. Но, исто така може да завршите в затвор доколку му помогнете на човек кој страда на истиот начин. Во Северните Територии во 1990 биле донесени нивните фамозни закони за еутаназија кои им дозволуваат на неизлечиво болните да си  ги скратат маките, но федералната влада во Канбера ги употребила своите правни механизми и ставила вето на законите (затоа што Северните Територии не се сојузна држава и имаат ограничени автономни права). Еден од луѓето вклучени во настаните бил Филип Ничке, австралиски доктор кој станал познат по неговите ставови дека луѓето на кои веќе не е возможно да им се помогне и кои страдаат над границите на издржливото, треба да имаат право да умрат. Тој стоел зад своите ставови до крај, им помагал на некои пациенти да си стават крај на животот, па дури и измисли машина која произведувала јаглерод монооксид со кој тие пациенти можеле да си ги скусат маките. Цариниците ја конфискувале таа машина кога докторот се враќал дома од конференција во САД. То напишал и книга со наслов „Прирачник за таблетата на мирот“, но првиот тираж му бил конфискуван на царина кога пристигнувал од САД. Подоцна од дирекцијата за филм и литература ја одобриле книгата и нему му било дозволено да ја испечати и дистрибуира низ Австралија.

Забрането капење

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

На почетокот од дваесеттиот век, група ентузијасти сурфери успеале да ги убедат властите во Сиднеј да го укинат законот со кој се забранувало капење за време на денот, кој бил донесен зашто се сметало дека е премногу непристојно да се капи на дневна светлина.

Забрана за гангстери во казина и на коњски трки

Во Викторија, полицијата може да издаде забрана за сите кои ги сомничи за организиран криминал да не можат да пристапат во казината, на хиподромите и обложувалниците. Прекршувањето на ваквата забрана носи казна од 2000 долари (ситни пари за вистински гангстер). Во Нов Јужен Велс казната е нешто поголема – 5000 долари или 1 година затвор.

Забрането шегување

Во јуни 2005 година на националните вести било објавено дека австралиските аеродроми се прогласени за „зони без шеги“.Неколкумина граѓани добиле високи казни заради тоа што се пошегувале за бомби или други терористички закани, па затоа јавноста била предупредена веќе да не се шегува на аеродромите или во авионите. Ова предупредување било задоцнето за студентот Патрик Керол кој се наоѓал на аеродромот „Дарвин“ кога ожеднел. Го оставил багажот на количка за да си купи пиво. Кога се вратил, вработен во обезбедувањето го проверувал неговиот багаж, а Патрик му подвикнал: „Не се секирај, ја оставив бомбата во Ирак“. Завршил на суд, успеал да издејствува ослободување со кауција, но морал да се врати во декември 2005 за крајот на судењето.

Забрана за музички инструменти

ВО Северните Територии со транспортниот акт е забрането свирење на кој било музички инструмент во автобус.

Забрана за правосмукалки

Од 14 декември е противзаконски во Бримбанк, предградието на Мелбурн, да се чисти со правосмукалка помеѓу 22 часот и 7 наутро во работни денови и од 22 часот до 9 наутро на викенди. Бучните чистачи ќе заработат околку 205 долари казна на лице место, што може да достигне и до 1000 долари доколку казната не се плати на време и се стигне до судење. Повторните престапници можат да заработат и казни до 2000 долари!

Свинска казна

Во Квинсленд можете да заработите до 30000 долари казна доколку чувате дива свиња како милениче.

Тазмански хомосексуални закони

До 1997 година во Тазманија било илегално двајца мажи да имаат секс, дури и ако двајцата се согласни на тој акт, возрасни се и го прават тоа во приватноста на сопствениот дом (каде што никој и онака не може да ги види). Престапот предвидувал казна од 21 година затвор.
[Amaizing Australian Laws]

- Реклама -