Американското здружение на извидници – Boy Scouts Of America – со оваа кампања сакаат да привлечат нови членови, но и покрај изгледот, не е потребна брада за станување член. Сè што се бара од регрутите е желба „да се биде едно со природата“. Само времето ќе покаже дали нивните реклами со деца со епски бради ќе ги зголемат броевите на организацијата или ќе ги исплашат потенцијалните регрути.