„Чудна љубов“ – една убава реклама од Данска

„Постојат многу начини да ја покажеме љубовта“.

Оваа кратка реклама која доаѓа од Данска е исполнета со модерна романса, а истата е изработена за потребите на компанијата за испорака на цвеќе-  Interflora.

Видеото заслужено го заобиколи светот во маркетинг рубриките и доби позитивни критики.

Се работи за краток филм за првата љубов во тинејџерските години, и тоа, како сме подготвени сосема да се промениме за да ја освоиме личноста која што ни се допаѓа.

Видеото е дело на рекламна агенција Brandhouse во Копенхаген.

„Постојат само два начина да се продава услугата за испорака на цвеќе. Првиот е да се промовираат цената, изборот и брзината. А вториот – да нурнеме во емоциите кои стојат зад подарувањето. Interflora, за среќа, го избира вториот начин и пресоздаде класична сцена од филмот „Брилијантин“, посочуваат авторите за американското издание FastCompany.

Еве го и видеото.

Текстот е објавен во соработка со VIA Marketing.

- Реклама -