Чудна логикава на Ѓорчев…

На денешната собраниска расправа околу предлозите за нови министри, иако можеби на таа тема најмалку се расправаше, предлогот Нина Ангеловска (основачка на „Grouper.mk“) да биде нов министер за финансии наиде на жестоки критики од страна на опозицијата.

Пратеникот Влатко Ѓорчев, конкретно, побара одговор дали е вистина дека Ангеловска им исплаќа минимална официјална плата од 200 евра на своите ИТ-инженери, а остатокот им го исплаќа на рака, додека таа истовремено за себе зема многу поголема.

„Бараме одговор дали Нина Ангеловска исплаќа минимални плати и дали дополнителното дава пари на рака. Дали е тоа за да не плаќа даноци. Ова што го прочитавме е страшно. Дали платите кои што се исплаќаат на ИТ-инженери се минималец. Ако не е така, нека се демантира. Одговорете го ова, јавноста има право да чуе“, рече Ѓорчев, по што додаде дека „успешната приказна која власта ја продава за фирмата на  Ангеловска“ е показател дека „бизнис условите и не биле така лоши за време на режимот“. Притоа Ѓорчев не појасни дали тогашните услови биле добри за сите претприемачи, или само за оние кои, како што обвини, делат плата на рака.

 

 

- Реклама -