Чудесен напиток против стрес

Лековитата мешавина од посебно одбрани билки ќе ви помогне лесно да ги пребродите стресните ситуации и да се решите од напнатоста и нервозата.
За подготовка на чај кој ги намалува лошите последици од стрес потребно е по 100 грама валеријана, маточина, камилица, лаванда и нане.

На една супена лажица чај, додадете по  200 мл. ладна вода. Во поклопен сад се загрева до вриење, а потоа се остава да опстои еден час, па да се процедо. По желба се засладува.

Пијте два до три пати дневно после  јадење по една шолја чај, или по потреба.

 

- Реклама -