Чудата на социјализмот и капитализмот

Чудата на социјализмот:

– Сите имаа работа.
– Иако сите имаа работа, никој не работеше.
– Иако никој не работеше, плановите се спроведуваа 100-процентно.
– Иако плановите се спроведуваа 100-процентно, во продавниците немаше ништо.
– Иако во продавниците немаше ништо, сите имаа сé.
– Иако сите имаа сé, скоро сите крадеа.
– Иако сите крадеа, имаше доволно за сите.
– Иако имаше доволно за сите, сите беа незадоволни.
– Иако сите беа незадоволни, сите гласаа ЗА!

Чудата на капитализмот:

– Никој нема работа.
– Никој нема работа, а сите работат.
– Иако сите работат, плановите никогаш не се спроведуваат целосно.
– Плановите не се исполнети, а секаде има сé.
– Секаде има сè, но не секој има сé.
– Иако има такви што немаат сé, крадат тие што имаат сé.
– Иако крадат тие што имаат сé, никој не ги апси и наводно никаде ништо не фали.

- Реклама -