Затемнете го екранот при сурфање со Chrome High Contrast

Тимот на Google кој работи на пристапноста на технологиите, разви екстензија за интернет прелистувачот Chrome која е дизајнирана да го олесни читањето веб-страници за луѓето со слаб вид.

Воедно, екстензијата High Contrast е применлива и за оние кои сурфаат доцна навечер и сакаат сите веб-страници што ќе ги отворат да имаат темна позадина, без разлика на оригиналните бои на посетените страници (се однесува и на фотографиите, кои се претвораат во негатив).

Екстензијата овозможува да аплицирате филтер со зголемен контраст, црно-бел филтер или пак да ја промените бојата во спротивната од спектарот.

Поставувањата можат да се дефинираат за сите посетени веб-страници или пак само за одредени сајтови.

Знаете некој на кого му е потребна оваа екстензија? Ја пробавте? Пишете го вашето искуство во коментарите.

{youtube}jhSH4rZbOSk{/youtube}

- Реклама -