Нееднаквоста на богатството достигна нови глобални крајности, според последниот извештај на Oxfam – меѓународна организација која бара решенија за сиромаштијата и нееднаквоста во светот.
62 лица сега поседуваат богатство колку половина човештво, во споредба со 80 во 2014 и 388 во 2010 година, па се чини дека глобалната елита не само што остана имуна на финансиската криза, туку и дека нејзиното богатство како целина е зголемено.
Прочитај повеќе: 62 ЛИЦА СЕ ПОБОГАТИ ОД ПОЛОВИНА ОД СВЕТСКАТА ПОПУЛАЦИЈА
Би било глупаво да зборуваме дека нееднаквоста на приходот е производ исклучиво на либералниот капитализам од последните неколку години. Во историјата има многу примери на исклучително богатство кое произлегува од привилегиите на империите и војните – римскиот император Цезар Август контролирал еквивалент на 4,6 трилиони долари – една петтина од вкупната финансиска состојба на империјата. Најбогатиот човек во историјата според списанието Time е Манса Муса – крал на Тимбукту, кој владеел од 1280 до 1337 година, кога неговото кралство било најголемиот производител на злато во светот.
Историските личности покажуваат колку важни биле воената и законската сила за акумулација на богатства – од земјите на Џингис Кан во XIII век (некогаш најголемата империја во историјата), до кинескиот император Шендзун кој поседувал до 30% од глобалниот БДП во златната ера на власт во XI век.
Акумулирањето на богатства во некапиталистичките општества често било проследено и со присилно одземање – процес познат како “примитивна акумулација”.
Дали нееднаквоста е неизбежна во човечкото општество?
На крајот на XIX век, еволутивни антрополози како Хенри Мејн и Луис Морган тврдат дека човечкото општество во својот историски период можеби еволуирало од не толку комплексни форми на кланови општества, во посложени класни општества. Во 2009 година Елинор Остром доби Нобелова награда за истражувањето на општествата со системи на “специфично заедничка сопственост”, каде ресурсите се собираат на едно место за доброто на заедницата, често во спротивност на современиот концепт за приватна сопственост.
Развојот на Остром покажува дека кога условите се поволни, овие системи – од родот на рибници, системи за наводнување, општи пасишта и шуми, напредуваат – веројатно подобро отколку слични системи кои се поддржани преку вертикална организација “од врвот надолу”. Се уште продолжуваат расправиите дали овие форми на социјална организација биле распространети во поголем дел од историјата на човештвото и дали нашите повеќе “нееднакви” форми на современо општество еволуирале од оваа порамноправна основа.
Нема конечно мислење дали човечките општества секогаш биле капиталистички. Многумина тврдат дека одредени карактеристики на капиталистичките општества биле присутни во целата човечка историја (познатото тврдење на Адам Смит за човечката склоност да “разменува, прави размена и занаети”), но институциите кои го сочинуваат заедно современиот капитализам, сигурно не постоеле отсекогаш.
Во феудалното општество во средниот век, на пример, способноста на лицето да трупа материјално богатство била како целина ограничена од количината на “нешта” кои тој би можел да ги поседува во разумни размери. Имало форми на кредит и развиени парични системи, но сепак – и “апсолутни” граници на она што човек може да го натрупа физички (обично како резултат на директна принуда).
Хартиени пари
Денес акумулирањето на богатства не зависи само од материјални добра или реални средства како имот, средства за производство од родот на индустриски фабрики и инфраструктура – или луѓе (во САД, за време на робовладелството, поседувањето на робови претставувало сериозен дел од личниот капитал).
Економистот Томас Пике истакнува дека толку многу богатство во класичната литература произлегува од сопственоста на ограничен број на луѓе, која ја генерира реботата. На денешен ден, сепак нашите банкарски системи со делумни резерви значат дека голем дел од парите не постојат во физичка форма. Хартиените пари се само мал дел од билансот на банката и како обврски во форма на долгови го сочинуваат поголемиот дел од остатокот.
Една од главните иновации на последниот век и еден од главните виновници за зголемувањето на нееднаквоста според Oxfam, е растот на бизнисот со нематеријални средства во форма на финансиски инструменти. Дерегулацијата на финансиската индустрија навистина е еден од најзначајните процеси кои водат до зголемување на нееднаквоста во последните години.
Дали е време да се преземеме пак контролата?
Дел од проблемот е одредувањето дали светот навистина некогаш беше толку нерамнопоставен, или едноставно немаме доволно податоци за да процениме. Најдобрите пресметки произлегуваат од истражувањето World Top Incomes од Велика Британија. Врз основа на ова – каде податоците можат да бидат споредени меѓу државите и методите на пресметка, можеме да кажеме дека нееднаквоста речиси не била толку силно изразена од Втората светска војна.
Не би требало сепак да правиме споредби само на база на нумерички вредности. На крајот на краиштата тешко дека можеме да тврдиме дека животот во феудализмот, или богатството, освоено преку експлоатацијата на природните ресурси при колонизирање на империи, се најпосакувани.
Сепак, ако ги знаеме факторите кои стојат зад нееднаквоста, тоа значи дека можеме да се бориме со нив.