У државава има многу поборници кои наводно се борат за правата на луѓето. Скокаат, џавкаат, цвичат и пари трошат од европските фондови во име на тие права но нити човекот го одбранија нити па човековите права ги исправија.
На луѓето им е многу криво и се повеќе и ќе им биде. Во глобала поимот ЧОВЕКОВИ ПРАВА е поим кој важи за престапниците на закони, на оние бандити кои ги нарушуваат правата на остатокот чесни луѓе кои се жртви на овие бараби за кои ние дивјаците мораме да се однесуваме демократски и да им направиме полагоден простор и понатаму да ни ја ебаваат мамицата.
Татко си го злоставувал своето 4 годишно дете… Една детска душа можеби ќе остане засекогаш мртва. Но затоа ќе виреат и натаму ташаците на имбецилот… Не е хумано да се кастрираат. Добредојдовте во планетата на хуманоста и човековите права!!!
Кога пред некое време се отвори дебата дали треба на овие имбецили да им се кастрираат ташаците оние од фелата за наводно бранење на човековите права први скокнаа против овој акт чунки бил спротивЕН на конвенцијата… Дали овие поборници за човекови права се свесни дека тие не се заштитници на ничии права ами ги кршат основните? Правата на децата нивните злосторници да бидат адекватно казнети и повеќе никогаш да не можат повторно да нападнат и детски живот да загрозат. Дали поборниците на човекови права се свесни дека не е демократија на ајдукот, криминалецот да му обезбедиш адвокат и добар третман туку демократија е на жртвите да им се гарантира казна за нивните крвници кои им ја собрале од домот целата заштедена иднина? Додека поборниците за човекови права цвичат за правата на криминалецот кој патем зацрнил стотици животи пред да се соочи со лицето на правдата, по весниците ќе читаме загрижени експерти зашто тој криминалец имал мала модринка под окото додека го внесуваат во судот… Пази мајката.
Јас демократијата ја разбирам на педофилот кој зацрнил детски живот да му се кастрираат гениталиите, на оној кој ограбил, претепал и сјебал нечиј живот да му се скршат или исечат една од двете раце. Оние арапскине земји се најблиску до остварување на човековите права чунки ние не правиме дистинкција помеѓу човек жртва и човек престапаник. Сите ги ставаме во ист кош. А така не пали! Така не може! Човековите права може да важат за оние кои ги почитуваат законите, кои во својот живот немаат направено никако престап. Тоа никако не може да биде под знак еднаквост и со оние битанги кои киднапираат, силуваат жени, деца, поставуваат бомби, организираат терористички акти и слично. Каде се истите оние кои скокаат за наводното кршење на правото на некој крадец да се обратат на другата страна и да видат колку животи зацрнил овој хоштаплеров ???Колку заштеди за свадби, за школување, за нов дом, за лечење болештини и слично здиплил од домовите на своите жртви? Се обратил ли некој да ги праша овие луѓе што мислат тие за модринката под окото на крадецот? Лесно е на оние од удобните канцеларии кои во животот свој се немаат соочено со престапникот. Тие ќе размислуваат секако онака како што е напишано во оние Женевски конвенции но кога би станале жртви на било кој начин тоа не би било така.
,,Пу маме му ебам, раката да му се исуши, раката да му падне, за свеќи и лекови да ги дава”.
Пу анасана… Абе нели ова беше поборникот за деморактија? Шо вака се смени чоекот? Епа го почеша газето сега, го осети жигот на криминалецот на својот грб…Ја вкуси неправдата. Цел живот работел и заработувал за некој хоштаплер со хебла и шравцигер да му влезе во домот и за 5 минути да му го однесе истото. Не е ферски нормално. Некој за 5 минути да го собере она што некој макотрпно го печалел со години…За старост, за своите деца…за арно и за лошо.
И не можам а да не ги споемнам борците за човекови права од 2001! Уште еклатантен пример на сатанизација и искривоколчување на поимот ЧОВЕКОВО ПРАВО. Се сеќавам дека овие кои се бореа наводно за човекови права оставија без вода град од 100 000 народ цели два месеци! Масакрираа војници и полицајци, врзуваа цивили за бетонски столбови и ги разнесуваа со екпслозив…Својата кауза ја пишуваа на грбовите на обични работници и многу слични примери кои немаат ништо допирно со правата на луѓето. И сега ние ќе се чудиме како поминуваат овие другиве прикаски? Епа нормално дека ќе поминуваат кога помина онаа од 2001….Во иднина ќе поминуваат уште посаркастични прикаски. Се сеќавате на она старчено шо упука со пушка еден од ајдуците кои му упаднаа во домот? Според судот старчето било криво затоа шо решил еден од бандитиве кои го врзувале него и бабата со јажиња и траки….
Мене одма ми текна на Виктор Карамарков… она момче кое спичка неколку жени со тврд предмет за банални работи…..Да завршеше старчево како една од тие жртви немаше да биде крив секако… Ќе беше невин и мртов. Засекогаш!!!