Мич Хантер имаше само 21 година кога автомобилот во кој се возеше удри во електрична бандера, пред 15 години. Тој успеа да ја спаси жената која го управуваше возилото и да спречи таа да претрпи сериозни повреди, но веднаш потоа тој доживеа речиси фатален струен удар, заради кој остана без лице.
Му беа направени 20 реконструктивни операции, му беше пресадена кожа од ногата, раката и грбот, но и покрај тоа неговото лице не личеше на човечко. Во очајнички обид да си го врати нормалниот живот, Хантер беше меѓу првите луѓе што беа подложени на пресадување на лице, во 2011 година.
По серија тестови, докторите од Бостон му дадоа зелено светло на Хантер и започнаа со операцијата која вклучуваше повеќе од 30 процедури. Тим од 30 доктори и хирурзи работеа повеќе од 14 часа на тоа целосно да го прицврстат новото лице на главата на Хантер. Отокот кој настана при операцијата потполно се повлече дури по 5 месеци, а младиот пациент тогаш ја доби првата шанса да види како всушност изгледа.
Пет години подоцна, Хантер има 35 години, оженет е, има дете и вели дека никогаш подобро не се чувствувал. Успеа да пушти брада, па забележливи се лузните само околу очите, но докторите работат и на тоа.
„Подеднакво сум здрав како и кога имав 21 и се чувствувам одлично“, рече на едно интервју. „Ова искуство ме очаја. Точно е дека морав да се збогувам со ногата и лицето, ама ако тоа не се случеше, немаше да бидам човекот каков што сум денес… Би им порачал на сите да не се грижат за ситници. Кажете им на луѓето околу себе дека ги сакате, бидејќи никогаш не знаете што може да се случи“.
Досега во светот се извршени само 10 успешни операции на пресадување на лице, од кои 2 во Америка.