Човекот што влезе во пубертет на 27 години (заради тумор на мозокот)

ken baker

Кен Бејкер бил различен од другите тинејџери. Знаел дека нешто не е во ред со него, но не знаел што. За разлика од повеќето момчиња, Бејкер, кој сега е новинар и писател, не бил опседнат со сексот, имал тесни раменици и големи бутови, па дури и лачел бела течност од брадавиците.

Нормално, подоцна неговите проблеми „претекле“ и во спалната соба, а врските му се распаѓале заради малата желба за секс – до степен што ретко можел да „изведе“ ерекција.

Мислејќи дека неговите симптоми се ментални, а не физички, Бејкер никогаш немал побарано медицинска помош околу проблемот, што ќе се смени на негова 27-годишна возраст, кога наоѓа девојка спремна да го сослуша и да му помогне.

Една посета на докторот му го сменила животот.

На Кен, кој сега има 46 години, му било кажано дека има бениген мозочен тумор, кој притиска на неговата питуитарна жлезда (хипофизата), што во превод, значело дека уште не бил влезен во пубертет. Паралелно со тоа, неговото тело продуцирало и 10 пати повеќе хормон протактин отколку што продуцира телото на жена-доилка. Му било кажано дека со евентуална операција и терапија со тестостерон, проблемот ќе биде решен.

Со влегувањето во пубертет на 27 години, Бејкер одеднаш ќе се најде во свет во кој тој е попален тинејџер, па дури ќе мора и да се бори со акните и сите други типични пубертетски проблеми – но на многу постара возраст.

Неговото искуство ќе го опише во книгата „Man Made“ од 2001, а оваа година ќе биде раскажана и во филмот The Late Bloomer.

Author Ken Baker whose book was adapted into the film "The Late Bloomer" poses at its premiere in Los Angeles, California, October 3, 2016. REUTERS/Danny Moloshok

Пишувајќи за New York Post, Бејкер рече: „Одеднаш, особено по операцијата, се претворив во попален тинејџер кој гледаше секс насекаде… Живеев во Санта Моника и возев ролерки покрај плажата. ‘Како ли не забележував дека толку многу жени носат бикини?’, се прашував“.

Бидејќи животот не е бајка на Дизни, и заради зголемениот нагон за секс, Бејкер набрзо рамнодушно раскинува со неговата девојка и спие со шест жени во рок од неколку месеци, по што ќе ја сретне својата сопруга Брук, со која денес има две деца.

Тој додава: „Веќе ништо не чувам за себе. Брук, нашето цело семејство и јас, сите имаме отворена комуникација. Создадовме средина каде што децата не само што се чувствуваат слободни за своите чувства, но и за своите тела. Ако нешто научив, тоа е дека е важно да си ја кажеш својата вистина…

Затоа сум воодушевен од филмот и сум спремен да ја раскажам мојата ранлива приказна одново“.

 

- Реклама -