Човекот што трикратно ја поевтини дрогата во Тајван

Минатиот месец, еден средовечен маж од тајландската провинција Ајутхаја беше уапсен под обвинение за поседување на дрога и дистрибуција на истата, откако наводно им поделил 200.000 пилули метамфетамини на своите пријатели. Ама не, ова не е обична приказна за дилер на дрога.

drug-Robin-Hood[1]

Полицијата во Ајутхаја ја започна истрагата откако цената на метот на црниот пазар тресна од 8 долари на 3 долари по пилула, и тоа за многу краток период. Немаше никакво логично објаснување зошто тоа би се случило, сé додека не слушнаа за локалецот кој раздавал големи количини пилули, и тоа бесплатно. Приказната за „Робин Худ на дрогата“, како што го нарекуваа сведоците, беше премногу чудна за да биде уверлива, но проверката на гласините доведе до апсењето на 41-годишниот Прачаб Канпект, кој признал дека поседува повеќе од 500.000 пилули познати како „ya ba“ или „лудата дрога“. Полицијата ги процени на 6 милиони долари.

Ваква залиха би било нормално да се очекува при апсење на некој нарко бос, но Канпект е само обичен човек кој живее од копање по ѓубре и собирање шумски мед. На полицајците им кажал дека до дрогата стигнал случајно, откако видел група мажи што излегле од пик-ап камионет и оставиле голем пакет во грмушките до патот. Канпект едноставно го земал пакетот (баш како во филмовите, со тоа што во овој случај вистинските сопственици на дрогата очигледно не знаеле кого треба да бркаат) и подоцна почнал да ја раздава дрогата на сиромашните пријателите. Овие, пак, почнале да ја продаваат по абнормално ниски цени, со единствена цел да земат некоја пара или да отплатат долгови, но ете, сосема случајно, тоа придонело за пад на цените на црниот пазар.

ya-ba-drug-600x450[1]

Во меѓувреме, полицијата не најде никакви докази или сведоци што ја оспоруваат неговата приказна, ама ни заработените обвиненија.

- Реклама -