Човекот што докажа дека Земјата не е рамна во 240 година п.н.е.

flat eartjh

Помеѓу купот глупости што ги учевме во школо беше и тоа дека патувањето на Кристофер Колумбо кон Новиот свет докажало дека тогаш преовладувачкото мислење дека Земјата е рамна не е точно. Легендата (во учебниците) вели  дека сé до неговото патување во 1492, морнарите верувале дека ако некој невнимателен и будалест морепловец отплови далеку од копното, може да стигне до работ на планетата и да пропадне во амбисот, каде што можеби го чека некакво џиновско чудовиште што ги чува краевите на светот. Приказната вели дека Колумбо верувал поинаку и дека успеал да се избори со незнаењето на страшливите и да ја стигне својата дестинација патувајќи на запад.

Митот главно потекнува од книгата на Вашингтон Ирвинг – „Животот и патувањата на Кристофер Колумбо“, која во голем дел е фикција. Тука придонесува и „Космолошките идеи на христијанските црковни татковци“ на Жан Антоан Летрон, кој ги претставува раните црковни лица како заговорници против науката. Во голема мера е во право, но од друга страна, повеќето докази укажуваат на тоа дека и тие биле целосно свесни дека Земјата е тркалезна, а не рамна.

Од Животот на Колумбо, од 1853:

„Кога Колумбо живееше, луѓето мислеа дека земјата е рамна. Веруваа дека Атлантскиот Океан е полн со чудовишта доволно долги да ги распорат нивните бродови и со страшни водопади низ кои нивните бродови би паднале во комплетна деструкција. Колумбо мораше да се бори со овие будалести верувања за да може да ги убеди луѓето да пловат со него. Тој беше сигурен дека земјата е тркалезна“.

Од каде ова знаење на Колумбо? „Виновникот“ веројатно е Ератостен – грчки математичар и астроном. Баш некаде ова време од годината, во 240-тата година пред нашата ера, Ератостен работел на текст на папирус зачуван во Александриската библиотека – на која тој лично бил директор, и забележал една чудна опсервација. Како што било запишано на папирусот, во градот Сиен (Syene) во Јужен Египет било забележано дека „сенката на некој што гледа во длабок бунар ја блокира рефлексијата на Сонцето на пладне“.

1466296645625424[1]

Тоа значи дека Сонцето тогаш било директно над главата т.е. дека перфектно вертикален објект во тој момент не остава сенка, барем не во Сиен. Во Александрија, од друга страна, ова не било случај, забележал Ератостен. Сонцето таму не било директно над главата и оставало сенка. За да испита, математичарот направил експеримент. Со мерење на должината на сенката оставена од стап на пладне, можел да го искалкулира аголот меѓу Сонцето и вертикалниот стап – 7.2 степени.

А сепак, во Сиен, аголот бил 0 степени. Како? Ератостен сфатил дека разликата мора да е резултат на заоблување на Земјината површина. Во споредба со вертикалниот стап во Сиен, вертикалниот стап во Александрија би бил инклиниран за истата добиена сума. Тогаш Ератостен сфатил дека ако го знае растојанието меѓу двата града, може да го пресмета и самиот периметар на планетата. Баш тоа и го направил, и измерил 39.375 километри, што е за малку непрецизно во однос на реалниот периметар на Земјата – 46.620 километри.

Дури и ако целата цивилизација преживеала бришење на колективниот ум во периодот меѓу Ератостен и Колумбо, малку е веројатно дека некој друг некаде не би се сетил на нешто слично. Во секој случај, Птолемаевата географија, напишана во 150 година од нашата ера, и во времето на Колумбо била класична референца, а во неа јасно се истакнува сферичната форма на планетата.

- Реклама -