Човекот низ бројки

covecko_telo_niz_brojkiЧовечкото тело не е само чудо на природата, туку и чудо во бројки. Милиони клетки, нерви, жлезди, влакна, коски и мускули ни овозможуваат секојдневно да правиме сложени и едноставни нешта.

human_bodyЧовечкото тело не е само чудо на природата, туку и чудо во бројки. Милиони клетки, нерви, жлезди, влакна, коски и мускули ни овозможуваат секојдневно да правиме сложени и едноставни нешта.

Дали сте знаеле дека просечен човек во минута вдишува 7,5 литри воздух? Тоа значи дека во текот на денот човекот вдишува дури 11.000 литри при што белите дробови се полнат и празнат на секои 4-5 секунди. Начинот на кој се хармонизирани коските и мускулите се граничи со чудо, а секој пат кога ја користиме дланката помрднуваме околу 27 коски. Нивната работа ја координира мозокот кој е составен од 100 милијарди нервни клетки. Од  останатите феномени на човечкото тело, импресивно делуваат следниве бројки:

100.000 влакна ја прават косата и на тој начин ја штитат главата од студот и сонцето. Дневно губиме околу 60-100 влакна од косата, а еден корен во просек живее 6-8 години.

12-13 милилитри пот испушта возрасна личност за време од еден час во состојба на мирување.

Нашиот нос е во состојба да препознае околу 10.000 различни мириси.

Површината на нашата кожа изнесува 1,5-2 квадратни метри што ја прави најголем и најтежок човечки орган. Целата кожа на телото има околу 12 килограми.

Црвените крвни зрнца имаат животен век од 3-4 месеци. Секоја секунда во телото умираат околу два милиони од тие клетки, на местото на кои се создаваат нови.

Еден милилитар урина просечниот човек продуцира во текот на една минута. Но во WC одиме дури кога ќе се соберат околу 300 милилитри.

Најмалку вода во телото се содржи во забите (5%), а најмногу во крвта (93%).

Кога сите капилари би се поврзале една до друга, би добиле 1.600 километри долга линија.

- Реклама -