Човекот настанал на овие балкански простори во источна Македонија а
не во Африка, ова е една од тезите што треба да го потврдат
истражувањето на единствената масовна праисториска гробница на животни
во Европа.
Човекот настанал на овие балкански простори во источна Македонија а не во Африка, ова е една од тезите што треба да го потврдат истражувањето на единствената масовна праисториска гробница на животни во Европа.
Гробницата кај селото Стамер делчевско ја откри невработениот рударски инженер Љубе Митевски. Тој пред очите на јавноста и науката ги изнесе своите откритија, фосилни остатоци од жирафи, мастодонти и сабјести тигри. Палеонтолозите од Франција и Бугарија кои го посетија локалитетот потврдуваат дека гробницата е стара 10 милиони години. Остатоци од жирафи не се најдени во Европа. Истражувањата на локалитетите се најавуваат за септември. За нив ќе се подготвува меѓународен проект. Државата треба да го стави под привремена заштита локалитетот, а министерството за култура вети дека ќе одвои средства за испитувањата. виа.
Странците доаѓаат да ги видат македонските жирафи и носорози