Неписмен фармер го направи она што експертите со години не успеваа.
Yacouba Sawadogo, селанец од афричката држава Буркин Фасо, веќе 30 години успешно го стопира ширењето на пустината во една субсахарска зона во Африка. Во Буркин Фасо доаѓа до брзо пустошење на некогаш плодното тло на подрачјето Сахел, што води кон голема суша и уништување на жетвата. Сето тоа предизвикува масовно иселување на селаните и глад.
Овој фармер копа дупки во низа, ги полни со хумус од козји измет, лисја и дрвја, па на тој начин ги привлекува сите бубачки кои одржуваат плодност на земјата.
Начинот на кој ја победи пустината ја покажува неговата храброст, трпеливост и интуиција, опишани во документарниот филм „Човекот кој ја победи пустината“, во режија на Марк Дода.