Човекот кој им гради луксузни скривници на милијардерите

Додека се возиме по американскиот автопат 41 до Тер От, Индијана, мојот водич инсистира да му го дадам мојот Ајфон. Потоа ми става сатенски превез на очите. Условите за нашето патување беа јасни – не смеам да знам каде идеме и како да стигнеме до таму. Така е поради тоа што тргнавме на тајна локација во подземен бункер направен со цел да го издржи крајот на светот, каков и да биде.

Кога го тргнав превезот од очите, стоев на тревник кој гледа на бетонска структура која е влез во поранешниот владин комуникациски центар од добата на студената војна, адаптиран за денешните потреби.

ovek-koji-milijarderima-gradi-luksuzna-atomska-sklonita-body-image-1445005249

Оваа скривница е направена со голем стил и луксуз, а богаташите тука ќе можат да ја поминат нуклеарната зима или апокалипсата, додека остатокот од човештвото се топи и дезинтегрира. Дневната соба има плафон висок 4 метри, раскошни кожни кревети, тапети со весели слики од париските улици, вештачки камини и меки килими. Тука има 60 видови замрзнати и конзервирани намирници за недај боже и многу луксуз како во хотел со 4 ѕвездички.

ovek-koji-milijarderima-gradi-luksuzna-atomska-sklonita-body-image-1445004853-size_1000 ovek-koji-milijarderima-gradi-luksuzna-atomska-sklonita-body-image-1445005060

Скокнав на свилената постелнина и се согласив дека човек може овде мирно да спие додека гори светот.

Постојат дури и мала теретана, сеф за оружје, медицинска ординација. Во соседната просторија се наоѓаат најмодерните филтри за воздух кои издувуваат нуклеарни, биолошки и хемиски честички.

Според Роберт Вичино, основач и директор на компанијата за подготовка за опстанок  Vivos Grupe, кога ќе дојде до срање, во рамки на вакви објекти може да престојуваат оние кои се доволно мудри да се подготват и однапред да платат 35.000 долари за пристапница.

ovek-koji-milijarderima-gradi-luksuzna-atomska-sklonita-body-image-1445005043

Меѓу неговите клиенти се наоѓа врвен хирург, полковник од војската на САД, но има и филмска ѕвезда. Вичино вели дека неговите клиенти воглавно се конзервативци кои не веруваат дека власта може да се носи со апокалипса од катастрофални размери.

ovek-koji-milijarderima-gradi-luksuzna-atomska-sklonita-body-image-1445005115

Оние кои се обидуваат да се подготват за мега-катастрофа и крај на светот често ги следи стеротип дека се лудаци, но Вичино им помага на оние со премногу пари да ги поткрепат своите ставови и стравови. Овој бизнисмен од Сан Диего има намера да предводи нова мулти-милијардерска индустрија.

Ако ја следиме претприемачката логика, богатите во денешното општество не живеат на исто ниво како обичните луѓе – зошто би се сменило тоа ако настапи крајот на светот?

Вичино освен тоа што е познат како човекот кој ги гради овие живеалишта, исто тврди дека верува во крајот на светот.

ovek-koji-milijarderima-gradi-luksuzna-atomska-sklonita-body-image-1445005152

ovek-koji-milijarderima-gradi-luksuzna-atomska-sklonita-body-image-1445005234

Тој раскажува дека како млад некоја гатачка му кажала дека човештвото го очекува апокалипса, а потоа додава дека крајот на светот може да настане како последица на финансиски крах, епидемија од која опаѓа кожата, промена на половите, сајбер војна или библиско цунами.

Ова е добар момент човек да се занимава со работа која се заснова на страв. Јавните коментари на некои од најбогатите луѓе во светот откриваат доза на параноја. На последниот самит на Светскиот економски форум во Швајцарија се забележа дека елитата е се повеќе вознемирена поради можноста да дојде до сериозни проблеми.

Лин Парамор

 

- Реклама -