Човек се обидел да украде пакети со храна од погодените од пожарите во Грција

Полицијата во Грција уапсила 37-годишен маж кој сакал да украде пакети со храна кои биле наменети за луѓето кои ги преживеаја пожарите во Атика.

Пакетите се собираат во спортска сала, од каде се транспортираат до оние на кои им се најпотребни. Чуварот на салата забележал како некој провалува и веднаш пријавил во полиција.

Едното лице побегнало, а второто било уапсено и во неговиот автомобил биле пронајдени два пакета храна.

- Реклама -