Човек работел седум години за да го создаде овој неверојатен лавиринт

Да успееш да се извлечеш од хаосот на еден лавиринт и да го создадеш се две различни работи, но ако некој мисли дека првото е потешко,  треба да го запознае овој ентузијаст од Јапонија.

Twitter корисникот со прекар @ Kya7y споделил слики на овој лавиринт, осмислен од страна на неговиот татко.

За да го заврши проектот, постариот маж работел цели 7 години, во кои методично и на рака ја создавал оваа загатка.

Тенко испреплетените линии го прават речиси невозможно решавањето на лавиринтот, иако неговиот творец е категоричен дека постои решение.

Типично по јапонски, во моментот во кој мажот завршил со овој лавиринт, тој трпеливо започнал со создавање на нов.

„Тој сака да го направи дизајнот уште поубав, а и малку полесен за решавање” споделил на Twitter неговиот син.

maze3

- Реклама -