Според врвните научници, еден ден човечката раса ќе се подели на два
посебни вида – атрактивна, интелегентна елита и не многу паметни, грди
суштества кои личат на гоблини.
Според врвните научници, еден ден човечката раса ќе се подели на два посебни вида – атрактивна, интелегентна елита и не многу паметни, грди суштества кои личат на гоблини.
100.000 години во иднината, сексуалната селекција ќе допринесе да се развијат две различни сорти.
Алармантни проценки доаѓаат од теоретичарот за еволуција Оливер Кари од Лондон, кој вели дека човечката раса ќе го достигне својот физички врв околу 3000 година.
Овие луѓе ќе бидат високи околу 2 метри и ќе живеат до 120 години.
Мажите ќе имаат симетрични лица, длабоки гласови и поголеми пениси, додека жените убава коса, кожа без влакна, големи очи и гради.
Расните разлики ќе бидат работа од минатото, бидејќи сите луѓе ќе имаат ист тен со боја на кафе.