Чоколадото расте на дрво

kids

Експертите од Велика Британија уште се чудат на катастрофалните резултати од нивното истражување,  според кои современите деца појма немаат од каде доаѓаат овошјето, зеленчукот и другите прехранбени производи, пишува vistanews.ru.

Во истражувањето учествувале деца до 11-годишна возраст, од кои 10% појма немале како расте грашок. Други биле шокирани кога дознале дека колбасите се прават од свиња, а трети мислеле дека чоколадото расте на дрво. За растењето на зеленчукот и овошјето немале никаква идеја.

Истражувањето покажало и дека 50% од анкетираните деца имаат другарчиња со алергија (не јадат слатки во училиште). Најголем дел од децата не знаеле што значи зборот „алергија“. Децата прашани околу алергијата го мислеле спротивното – дека ако имаш алергија на одредено нешто, токму тоа треба да го јадеш.

Истражувачите тврдат дека во денешно време родителите не ги вклучуваат децата во процесот на готвење и не бараат од нив да им помагаат. Советуваат родителите да го променат тоа и да посветат повеќе време на нивната едукација, зашто вакви резултати не ќе да се резултат на тоа што децата природно се глупи.

- Реклама -