Чоколадото може да ги подобри вашите математички способности

Повеќе... Научниците докажаа дека менталната аритметика може да ви биде полесна откако ќе изедете чоколадо.

090403_chocbar.jpgНаучниците докажаа дека менталната аритметика може да ви биде полесна откако ќе изедете чоколадо.

Истражувачите кои го тестираа влијанието на различните видови храна на перформансите на мозокот открија дека флавонолите – сосотојки кои се содржат во какаото – го зголемуваат протокот на крв во мозокот. Ова, велат тие, прави некои ментални функции, како решавањето основни математички задачи, да ви бидат полесни. Исто така, луѓето кои конзумирале чоколадо, можат да се почувствуваат помалку ментално исцрпени после долгиот ден.

Тимот од Нортамбриј Универзитетот, сугерира дека оние студенти кои грицкаат чоколадо додека учат за испитите, има поголеми шанси да добијат подобри резултати (и неколку екстра калории:). Како дел од експриментот, група волонтери требало да бројат наназад, од кои едниот дел конзумирале чоколаден пијалок, при што се покажале побрзи и поточни од другата група која не добила топло чоколадо.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Испитаниците добиле доза од 500 милиграми флавонол,  количество што по природен пат е тешко да се внесе во организмот, меѓутоа, научниците сметаат дека луѓето би требало да внесуваат повеќе флавонол, што се наоѓа и во овошјето и зеленчукот. 

- Реклама -