Чоколадни кремасти колачиња

Се прават за час, a се јадат во еден залак. Научете како да направите чоколадни колачиња со фил од крем сирење.

Состојки:

За кора: 200г мелени бискивити, 100г растопен путер, 2 лажици шеќер

За крем: 1 кг крем сирење, 4 јајца, 5 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 100г мелени бискивити, 150г чоколадо за готвење

Подготовка:

ss

Мелените бисквити, шеќерот и растопениот путер измешајте ги добро, па со сместа обложете ги корпите обложени со хартија. Со миксер пенасто сматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер, па составете ги со сирењето, мелените бискивити и растопеното чоколадо. Смесата ставете ја во калапите со подлогата. Печете околу 20 минути на 200 степени. Изладените колачи извадете ги од калапот, оладете и декорирајте по желба.

Добар апетит!

- Реклама -