Членовите на жири-комисијата на X factor се дружат и зад камерите

Аудициите на шоу-програмата „X Factor“ започнаа пред неколку дена, а жири комисијата уште на почетокот се согласува феноменално, дури и зад сцената.

Додека натпреварувачите се подготвуваат за настап и тремата се обидуваат да ја победат со песна и гитара, жирито ужива во заеднички дружења.

Освен што заено одлучуваат за судбината на натпреварувачите, Александра Ковач, Масимо Савиќ, Тончи Хуљиќ и Жељко Јоксимовиќ надвор од сцената одат заедно на појадок, a друштво им прават и нивните животни партнери кои ги поддржуваат во текот на овој проект, пишува „Блиц“.

Што мислите ќе се расправа ли Јоксимовиќ  со Александра Ковач, на начин на кој што го правеше тоа во минатата сезона со нејзината сестра Кристина? Кој со кого ќе се поддржува, кој со кој ќе си контрира и ќе се надмудрува? Накоро ќе дознаеме.

 

- Реклама -