Членките на ЕУ ја одложија за следниот месец одлуката за мерките за справување со енергетската криза

Брисел, 25 октомври 2022 (МИА) – Земјите-членки на Европската Унија за еден месец ја одложија одлуката за надминување на големите разлики во однос мерките за заштита на граѓаните од енергетската криза.

Министрите за енергетика на ЕУ на денешниот состанок донесоа одлука на Еврокомисијата да и се наложи да подготви предлози што би биле подготвени за усвојување на вонреден состанок закажан за 24 ноември.

Независно што не е донесена техничка одлука, претседавачот со состанокот, заменик-премиерот на Чешката Република, Јозеф Сикела, истакна дека постои консензус кај земјите-членки за потребата од заедничко обезбедување на Унијата со гас, како би се избегнале меѓусебни несогласувања при набавките на енергенсот.

На минатонеделниот самит на ЕУ не беше постигнат договор за мерките, но учесниците тврдеа дека постои чувство на заеднички интерес по тоа прашање.

Прочитајте и:  Француски медиуми: Трамп сака трошоците за обнова на Украина да ги сноси ЕУ
- Реклама -