Чизмите над колената се голем тренд секоја есен/зима сезона, но оваа зима се издвоија моделите од антилоп.
Овој материјал е идеален за првите пролетни денови, тој е ултимативен тренд за сезоната 2015, па вашите омилени чизми над колената можете да ги носите и во текот на топлите денови и да ја искористите нивната сестраност.
Овие чизми најдобро одговараат кај високите девојки, но и девојките со среден раст, добро знаат дека високите чизми во добра комбинација делуваат заводливо и женствено. Постојат многу начини на кои што можете да ги носите, а доколку сакате вашите нозе да изгледаат витко, комбинирајте ги со фармерки од темен тексас, или со темни панталони.
Идеална комбинација се чизмите со пролетните фустани, па затоа погледнете ги нашите предлози и осмислете го вашиот пролетен стајлинг.