Во понеделник на 15 јули во 20,00 часот на Летна сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе се одржи мултимедијалниот настан „Читаме и слушаме музика“.
На настанот ќе настапат Весна Станојевска Микиќ, харфистка, Александар Микиќ, актер и Валентина Илијевска, академски сликар.
„Не пропуштајте ја можноста да уживате во убавата музика, актерскиот перформанс и визуелната уметност низ динамична атмосфера и интеракција со публиката“, порачуваат организаторите.