Читајте го Кафка за поголем IQ

Повеќе... Книгите на Франц Кафка се омилено четиво на повеќе генерации, а нивното влијание врз читателите е тема на истражување на неколку психолози од University of California во Санта Барбара. Резултатите објавени во Psychological Science говорат за тоа дека читањето на делата на Кафка ја зголемува интелигенцијата.


1302838239_0c6b982aee.jpgКнигите на Франц Кафка се омилено четиво на повеќе генерации, а нивното влијание врз читателите е тема на истражување на неколку психолози од University of California во Санта Барбара. Резултатите објавени во Psychological Science говорат за тоа дека читањето на делата на Кафка ја зголемува интелигенцијата.

Според резулатите добиени од истражувањето, читањето на делата на Кафка е исто како да се доживее криза на идентитот, тие создаваат чувство на отуѓеност, но од друга страна ја зголемуваат интелигенцијата. Читањето на неговите раскази го поттикнува развојот на когнитивните структури и ја јакне способноста за учење и логичко поврзување.

Истражувачите го препорачуваат краткиот расказ Селскиот лекар, напишан  во 1916 година. Читателите кои ќе успеат да ја сфатат симболиката на приказната за надреалните искуства на лекарот кој среде ноќ е разбуден заради итен случај, всушност поминуваат низ когнитивен (мисловен) тренинг во текот на читањето. После читањето на Селскиот лекар читателите кои учествувале во истражувањето развиле способност за побрзо и пологично поврзување на фактите.

- Реклама -