Бубрезите се задолжени за елиминирање на токсините од нашето тело.
Во нашиот организам веќе постои природен механизам за чистење на бубрезите. Ако конзумирате доволно течности како вода или чај, тие се чистат самите.
Освен тоа, бубрезите произведуваат важни хормони: erythropoietin ( го стимулира произведувањето на црвени крвни зрнца), renin (го регулира крвниот притисок) и calcitriol (активна форма на витамин D).
Меѓутоа, на бубрезите понекогаш им е потребна помош, а најдобра детоксикација е со помош на лековити билки.
Чистењето на бубрезите може да помогне и кај зајакнувањето на имунитетот, нормализирањето на крвниот притисок и подобрување на функциите на мочниот меур.
Билки што се добри за чистење на бубрезите:
Џумбир, смрека, коприва, каранфилче.
Намирници што се добри за чистење на бубрезите:
Лубеница, сок од лимон, сок од брусница.
Витамини кои се добри за чистење на бубрезите:
Витамин B 2, витамин B 6 и магнезиум.
Како да го намалите ризикот од настанување на бубрежни болести?
– Избегнувајте цигари и претерано конзумирање на алкохол и кофеин.
– одржување на крвниот притисок и шеќерот на нормално ниво.
– редовно проверувајте го холестеролот.
– Пијте многу вода (бар 8 чаши дневно)
– Одржување на здрава телесна тежина.