Група научници потрошија 4 месеци за да го пронајдат идеалниот начин за држење на хамбургер.
Го знаете чувството; го приближувате сендвичот до устата за да загризете и речиси целата содржина се распаѓа и ве остава со уста полна сув леб.
Јапонското ТВ шоу Honma Dekka!? реши да ангажира три експерти – по механика на флуиди, инженерство и стоматологија, за да го пронајдат решението на овој толку непријатен проблем.
Првиот чекор беше да се направи 3Д скен на хамбургер, со цел да се утврди како честиците интерактуваат додека го држите бургерот, но и кога загризувате.
По четиримесечна жртва за науката, тие дојдоа до заклучок:
Најчестиот „фат“ кој го користат луѓето – палците на долната страна, а прстите одозгора, резултира со туркање на содржината надвор од лепчињата.
Како најдобар метод се покажа овој:
Палците и малите прсти одат одоздола, додека трите средни прста одат на горната страна, на еднакво растојание. Кога бургерот го држите рамномерно, содржината не би требало да се растури.
Научниците, во стилот на Captain Obvious, се погрижија да додадат и еден „про-совет“. Бургерот не треба да го стискате, зашто лепчињата можат да се „скршат“ и да се упропасти целината. Дополнително, стоматологот препорачува – загрејте ги мускулите на устата пред да почнете со јадењето на хамбургерот, така што ќе ја отворите и затворите неколку пати пред да загризете… Ти прв, докторе!
Како и да е, изгледа дека методот е ефикасен. Еве демонстрација: