Чипсовите можат да предизвикаат непоправливи измени во мозокот на мали деца, пишува во истражувањето направено од научни соработници на универзитетот во градот Бристол, Велика Британија.
Во истражувањето учевствувале група деца на возраст од 3 до 4 години, кои практично секој ден јадат чипсови. Научниците откриле дека овие деца се здобиле со нарушување во меморијата и недостаток на иницијатива во споредба со друга група која не троши многу од оваа храна.
Според истражувачите, тоа се должи на заситените масти присутни во чипсовите како главна состојка, а кои ја спречуваат правилната работа на детскиот мозок. Главното хемиско соединение што нанесува штета на мозочните клетки е акриламид, кој е присутен во сите видови чипс и кој е канцероген, тврдат научниците.
Тие не препорачуваат од таа храна да конзумираат и бремените жени, наводно, поради истата причина.