На 1 Ноември, недела, 13:00 часот во кафе барот “Chillin'” ќе започне турнир во фудбалче на рачки.
Овој настан, досега на локално ниво, традиционално се организира во кафе барот „Чилин“, а овојпат дечките решија да го омасоват.
Затоа сите оние кои мислат дека се добри во популарниот „стони фудбал“ можат уште веднаш да го повикаат својот идеален партнер и да се пријават на телефонскиот број 02/3123005, на нивната фејсбук страна, или во самиот кафич кој се наоѓа на улицата Орце Николов, веднаш спроти кафаната ДМ.
Епа ајде да видиме кои се вистинските маалски фудбалџии. Кој стварно знае да ја завлече од прв на трет, кој може да даде гол со голман, кој лепи јаки шамари со тројки, и кој е пацерот шо игра само со петки…
Единствено правило кое не смее да се прекрши и за кое следи дисквалификација, па можеби и затвoрска казна – НЕМА ВРТЕНКИ!!!