Следната генерација на теренецот Chevrolet Niva ќе се појави на пазарот за две години и ќе смета на целосно нов мотор.
Тоа го потврди генералниот директор на компанијата GM-АвтоВАЗ, Џефри Гловер, пред руските новинари.
– Ова ќе биде еден целосно нов автомобил, кој ќе има нов мотор, менувач,ентериер и екстериер. Тестовите ќе започнат на почетокот на 2013 година, а компонентите ќе се тестираат на сегашната модификација – објасни Гловер.
Менаџерот додаде дека димензиите на новиот Chevrolet Niva нема да се променат во споредба со сегашната верзија. Моделот ќе смета на нов 1.8 литарски бензински мотор со моќност од 125 КЅ и модернизирана суспензија. Засега не се планира дизелска верзија, но во компанијата размислуваат сериозно во подоцнежна фаза да се случи и тоа.
Уште во основната опрема на новата верзија на возилото ќе бидат вклучени воздушни перничиња и ABS. Сето тоа сепак нема да влијае значително на цената. Сегашната верзија со 1.7 литарски бензински мотор со моќност од 80 КЅ се нуди за 444.000 рубљи (11.090 евра), додека новата ќе чини 447.000 рубљи (11.165 евра).
Се очекува во 2015 година производството во фабриката на GM-АвтоВАЗ во Тољати да се зголеми трипати и да достигне 120.000 автомобили годишно.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус