Четврто издание на ОКО – аматерската филмска работилница со Марија Џиџева

Почнувајќи од денес, па сѐ до среда, во просторот на КСП Центар-Јадро, се случува четвртото издание на ОКО – аматерската филмска работилница со режисерката Марија Џиџева.

ОКО e аматерска филмска работилница за филмски разговори и креации и за маалски креативни дружења на која учесниците ќе имаат можност да добијат основни познавања за филмска писменост и преку практична работа да осмислат и креираат кратки филмски етиди.

Концептот на работилницата е формирање на екипи составени од два члена (пензионер/ка и ученик/ка), и преку заедничко учење, гледање филмови, разговори и дружење, секоја екипа да создаде своја филмска приказна, инспирирана од семејните албуми, од соочувањата со генерациски јазови, или од секојдневните современи предизвици.

Работилницата е дел од Годишната програма на Културно-социјалниот простор Центар-Јадро финансиски поддржана од Минсистерството за култура на Република Северна Македонија, а креираните филмски етиди ќе бидат дел од годинешното издание на Маалскиот фестивал на КСП Центар-Јадро.

- Реклама -