На 08.08.2018 година во 22 часот од страна на патролен тим од Полициска станица за Граничен надзор и Граничен премин „Богородица“ во Негорски Бањи пронајдени биле четири 4 лица (едно од Алжир, едно од Либија и две лица од Сирија) со нелегален престој во Република Македонија.
По извршениот преглед, кај едно од лицата бил пронајден паричник со лична карта, возачка дозвола и возачка книшка, сите на име Р.Т., македонски државјанин, се наведува во Билтенот на МВР.
Во разговор тие појасниле дека на 08.08.2018 година имале договор со непознато лице за транспорт од Гевгелија кон Скопје за сума од 140 евра.
Околу 21 часот со патничко возило „Ауди“ се упатиле кон Скопје. Во моментот кога од нив побарал да го напуштат возилото, во згодна прилика му го одзеле паричникот.
Се работи за лицето Р.Т. (37) од с.Фурка, општина Дојран. На 09.08.2018 година во 00.05 часот лицето било пронајдено и лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.