Четири важни одлуки кои Исланѓани ги базираа врз постоењето на елфови

4. Уште поголем камен

road-construction-iceland[1]

Верниците во елфови тврдат дека „невидливите луѓе“ сакаат да ги попречуваат само тие проекти што им го уништуваат домот, што уништуваат цркви или други важни места, „исто како што ние луѓето би направиле сé што можеме за да спречиме некој да ни помине со булдожер преку куќата“, вели Јонсдотир. Зошто да се уништува, кога може нацрт планот да се смени или да се помести каменот?

Во најсвежиот пример за владино-елфовските односи во Исланд, повторно станува збор за ова второво.

Во 2009-та, Исландскиот парламент одобри конструкција на автопат со 6 ленти на околу 9.5 километри од Рејкјавик, но плановите предвидуваа патот да поминува преку 8000 години старо поле од лава, наречено Gálgahraun. Еколозите протестираа против конструкцијата преку сите легитимни канали на оспорување на владини одлуки, но протестите, маршевите и петициите не вродија со плод.

И тогаш, „се вмешаа“ елфовите. Се испостави дека предвидениот пат треба да поминува низ елфска црква, а како што вели Јонсдотир, „Важно е да се соработува со елфовите, а не да се работи против нив“.

Така, во март 2015-та (ЛАНИ!), градежните работници го направија токму тоа – го подигнаа 50-тонскиот камен во кој наводно беше сместена елфската црква, и го преместија на друга локација. Патот беше изграден, а интересите на елфовите – запазени.

Има три аспекти на оваа постапка. Едниот е дека ова потврдува дека Исланѓани и те како веруваат во елфови. Другиот, во случај да не е точен првиот, дефинитивно демонстрира дека исландската влада негува голема почит за елфовите, ама уште поголема за луѓето што веруваат во елфови. Третиот, и веројатно најважен, е дека е неверојатен пример за соработка помеѓу владата и граѓаните во случај на спротивставени ставови – нешто од кое сите можат да учат.

„Елфовите ми велат дека причината што комуницираат сé повеќе и повеќе со луѓето низ светот, е тоа дека сите треба да живееме заедно на оваа планета и треба да соработуваме во сите светови“, пак нешто блада експертката.

- Реклама -