Четири совети за подобар сон

Очигледно  е дека сонот е многу корисен и важен дел од животот, не само за здравјето, туку  и за убавината. Како сепак да се избориме со проблемите со несоницата или немирното спиење? Ви нудиме неколку совети за мирен и добар сон:

Направете листа со задачите за следниот ден, пред да си легнете 

1son

Не секој го има овој проблем, но некои од нас не можат да престанат да мислат на утрешните обврски и тоа им пречи да заспијат. Затоа, направете листа која содржи се што ви паѓа на памет дека треба да направите следниот ден – така вашиот  ум ќе се смири.

Креирајте рутина

2son

Легнувајте си во одредено време и станувајте  наутро, речиси секогаш во истото време. Иако тоа кај вас значи станување со будилник,  подобро така, отколку да го шокирате  организмот со различен час на станување секој ден. По некое време ќе се ослободите од будилникот, бидејќи сосема ќе се навикнете да станувате секојдневно во истото време.

Отворете го прозорецот

2222son

Отворете го прозорецот за да ја проветреете  просторијата навечер, освен ако не сте чувствителни  на бучава и светлина.

Правете вежби!

morning-exercise

Дури и обичната прошетка навечер ќе влијае позитивно на сонот во текот на ноќта. Ако немате време за прошетка, направете малку вежби пред спиење.

- Реклама -