Четири секојдневни навики што ги оштетуваат бубрезите

Бубрежните нефрони на секои 45 минути филтрираат пет литри вода содржани во крвта. Затоа здравото тело може секои 24 часа да исфрли околу две литри отпадни материи во облик на урина. Оваа природна детоксикација може сериозно да ја нарушите на најмалку четири начини.

Бубрезите го регулираат крвниот притисок и ги елиминираат штетните метерии од организмот. Ако ги имате на ум сите важни функции на бубрезите и фактот дека нанесената штета често пати не може да се поправи, корегирајте ги следните навики:

1.Долготрајно користење на таблети против болки

pills3_1

И лековите што се добиваат на рецепт и оние без рецепт може да влијаат на намалување на дотокот на крв во бубрезите. Меѓу еден и три отсто од новите случаи на хроничен застој на работата на бубрезите годишно може да биде предизвикано со злоупотреба на лековите против болки. Слично дејство може да имаат и некои лекови против висок притисок.

2.Цигари

cigarettes-on-beach-sized

Негативното влијание на цигарите на белите дробови и срцето е веќе познато, но пушачите почесто имаат протеини во урината, што е знак за оштетување на бубрезите.

3.Исхрана богата со шеќер

Sugar_UweHermann_Flickr_02012012

Премногу шеќер води до здравствени проблеми, како дијабетес и дебелеење, а тоа се ризични фактори за болест на бубрезите. Намалете го внесувањето на шеќери во организмот и ќе го намалите ризикот од наведените болести.

4.Премногу сол

getty_rr_photo_of_salt

Солената храна може да го зголеми крвниот притисок кој ги оштетува бубрезите. Здравствените организации препорачуваат дневно да се внесува една лажичка сол или 2 300мг. Оние со висок притисок и болни бубрези треба да внесуваат уште помалку, околу 1 500 мг дневно.

- Реклама -