Четири намирници кои ќе ви го подобрат видот

Честото седење пред компјутер или читањето на книги до доцна навечер навистина може да го убрза процесот на слабеење на видот. Со редовното конзумирање на овие намирници, за кратко време ќе почувствувате подобрување на здравјето на вашите очи:

1. Сок од портокал

Одличен извор на витамин Ц. Може да го намали ризикот од катаракта и го подобрува очниот притисок. Чаша полна со свежо исцеден лимон или пак две шолји полни со џус од портокал е количината која треба да ја внесувате во организмот секојдневно.

2. Школки

Преполни со цинк. Овој минерал е неопходен за здравјето на очите, а можете да го најдете и во гравот, јаткстите плодови, говедското место итн… Се препорачува да се јаде 40 до 80 мг на ден.

timthumb

3. Кикирики

Клучни состојки во овие намирници се омега-3 масните киселини, како и витаминот Е. Лицата кои имаат ниско ниво на омега-3 масни киселини, можат да развијат болест на очите како што е дијабетичарска ретинопатија, како и оштетување на крвните садови на мрежницата која може да предизвика дури и слепило. За витаминот Е, одамна е познато дека го одложува развивањето на катаракта.

4. Кељ

Кељот е богат со лутеин и зиаксантин, антиоксиданси кои исто така се наоѓаат во очите. Кељот и останатите видови на лиснат зеленчук, значително ја штитат мрежницата на окото.

- Реклама -